Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Голема семејна трагедија: Мараја Кери откри дека нејзините мајка и сестра починале во ист ден

Шоубиз

Голема семејна трагедија: Мараја Кери откри дека нејзините мајка и сестра починале во ист ден

Пејачката Мараја Кери откри дека нејзината мајка и сестра починале во ист ден.

Пејачката потврди дека нејзината мајка Патриша (87) и сестрата Алисон (63) починале во текот на викендот, во ист ден.

„Срцето ми е скршено затоа што минатиот викенд ја изгубив мајка ми. За жал, во трагичен пресврт на настаните, мојата сестра го загуби животот истиот ден“, изјави Кери за магазинот People.

„Се чувствувам благословено што можев да ја поминам последната недела со мајка ми пред да почине. Ја ценам сечија љубов и поддршка, како и почитување на мојата приватност во овој тежок период“, изјавила пејачката.

@dailymail

Mariah Carey has revealed her mother and sister both died on the same day over the weekend. In a heartbreaking statement the singer, 55, announced the deaths of her mom Patricia, 87, and sister Alison, 63. Mariah, 55, told People: ‘My heart is broken that I’ve lost my mother this past weekend. Sadly, in a tragic turn of events, my sister lost her life on the same day.’ ‘I feel blessed that I was able to spend the last week with my mom before she passed.’ ‘I appreciate everyone’s love and support and respect for my privacy during this impossible time.’ There was no further information on the causes of Patricia and Alison’s deaths. 🎥ABC #mariahcarey #mom #sister #tragic #loss #family #news #celebrity #usa

♬ original sound – Daily Mail

 

Патриша беше оперска пејачка и вокален тренер. Мараја ја добила додека била во брак со Алфред Рој Кери, од кого се развела кога Кери имала само три години.

Тој почина во 2002 година на 72-годишна возраст. Покрај Мараја и Алисон, парот го доби и синот Морган. Односот на Мараја со нејзината мајка, од која го наследила талентот, бил комплициран. Во своите мемоари пред неколку години, славната пејачка детално ја опиша нејзината многу комплицирана врска со нејзината покојна мајка и сестра.

– Нашата врска е бодликава жица од гордост, болка, срам, благодарност, љубомора, восхит и разочарување – напиша Кери во своите мемоари „Значењето на Мараја Кери“ („The Meaning of Mariah Carey“) од 2020 година.

Се уште не е позната причината за смртта на Патриша и Алисон.

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.