Шоубиз
Греми награди 2024: Тејлор Свифт влезе во историјата!
Синоќа во Лос Анџелес се одржа 66-тото доделување на наградите Греми, најпрестижните во областа на музиката, а вечерта ја одбележаа дамите и неколку ситни скандали.
На доделувањето на Греми наградите се случија многу работи во знакот на Тејлор Свифт, со што американската кантавторка ја продолжи низата огромни успеси на кои сме сведоци веќе некое време. Освои Греми за албум на годината за нејзиниот албум „Midnights“, нејзина четврта победа во оваа категорија! Со тоа Тејлор Свифт стана првата во историјата што го направила тоа, а ја доби и наградата за најдобар поп вокален албум.
SZA имаше најмногу номинации од кој било изведувач оваа година, вклучително и за албум на годината, снимка на годината и песна на годината. Таа синоќа ја однесе наградата за најдобра ар-ен-би песна и најдобар ар-ен-би албум.
Запис на годината очекувано е „Flowers“ на Мајли Сајрус, која ги остави сите без здив со енергичниот настап и модните комбинации во текот на вечерта.
Греми за најдобар рап-албум му припадна на Killer Mike, кој доби три награди пред да биде изведен од Крипто Арената со лисици за физичка пресметка со член на безбедносниот тим на церемонијата. Неговиот ПР подоцна објави дека раперот е ослободен и дека го слави својот успех.
Тоа не беше единствениот скандал бидејќи Џеј Зи, кој излезе на сцената со ќерката Блу Ајви за да ја прими наградата „Др Дре Глобал Импакт“, рече дека некои од номинираните не заслужуваат да бидат таму, посочувајќи дека неговата сопруга Бијонсе никогаш не е наградена за најдобар албум, иако е рекордер по бројот на освоени Греми, со дури 32 награди (номинирана е дури 88 пати).
– Не сакам да ја срамам оваа млада дама, но таа има повеќе Греми од било кој и никогаш не освоила награда за албум на годината. Дури и според вашите стандарди, едноставно нема смисла. Размислете за тоа. Најмногу Греми, а никогаш не ја освои наградата за албум на годината. Тоа не функционира така – рече тој во својот говор.
Некои од добитниците на главните категории на Греми наградите:
АЛБУМ НА ГОДИНАТА
Тејлор Свифт – „Midnights“
ЗАПИС НА ГОДИНАТА
Мајли Сајрус – „Flowers“
ПЕСНА НА ГОДИНАТА
Били Ајлиш – „What Was I Made For?“
НАЈДОБАР НОВ УМЕТНИК
Викторија Моне
НАЈДОБАР ПОП ВОКАЛЕН АЛБУМ
Тејлор Свифт – „Midnights“
НАЈДОБРА ПОП СОЛО ИЗВЕДБА
Мајли Сајрус – „Flowers“
Комплетната листа на овогодишните добитници на Греми наградите можете да ја погледнете овде.