Гвен Стефани и Блејк Шелтон се венчаа на интимна церемомија на неговиот ранч
Пејачката Гвен Стефани (51) се омажи за својот свршеник Блејк Шелтон (45) по 6 години врска.
Музичката двојка имала интимна церемонија на ранчот на Шелтон во Оклахома, во капела, за која американските медиуми пишуваат дека Блејк ја изградил со намера таму да се ожени со Гвен.
Двојката се запозна во 2015 година во американскиот музички натпревар „The Voice“ кога се поставени да бидат дел од менторите, а всушност во тој период и двајцата беа скоро разведени од своите дотогашни партнери.