Хари Стајлс на одмор во Италија (ФОТО)
Овие фотографии од Хари Стајлс ќе ви го разубават викендот!
27-годишниот пејач заврши со снимање на филмот „My Policeman“ и се чини дека сега се посветил на одмор и релаксација.
Тој е забележан на плажа во местото Порто Ерколе во Италија. На фотографиите се гледа Хари во шорцеви за капење и можат да се забележат многубројните тетоважи на неговото тело.
Неделава тој беше виден во Венеција, каде што се снимале последните сцени за филмот. По завршувањето на снимањето, тој се решил да го искористи времето во Италија и се упатил во Тоскана на море.