Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Хејли Бибер проговори за мозочниот удар: Сопругата на Џастин Бибер морала да оди и на операција на срцето

Шоубиз

Хејли Бибер проговори за мозочниот удар: Сопругата на Џастин Бибер морала да оди и на операција на срцето

Сопругата на пејачот Џастин Бибер (28), Хејли Бибер (25) имала операција на срцето откако минатиот месец доживеа мал мозочен удар.

Таа им откри на своите обожаватели дека неодамна го завршила процесот на поставување на оклудер за PFO. Станува збор за процедура која ги затвора патолошките отвори во срцето кои доведуваат до мозочни удари кај младите, а најчесто се изведува кај луѓе кои веќе имале мозочен удар и немале видливи причини.

– Се помина многу лесно. Закрепнувам многу добро, многу брзо – изјави Хејли во видеото на Youtube со наслов „Ја раскажувам мојата приказна“.

Да потсетиме, Хејли беше итно пренесена во болница во Палм Спрингс минатиот месец со симптоми слични на мозочен удар. Лекарите подоцна и објаснија дека тоа е резултат на вроден дефект, кој се активирал откако се заразила со Ковид-19, како и бурниот начин на живот.

– Еден од проблемите беше што неодамна почнав да пијам таблети за контрацепција. Не требаше да го правам тоа бидејќи страдам од мигрена, а не им кажав на лекарите – исто така вели Хејли во видеото.

Во болницата во Палм Спрингс било утврдено дека Хејли имала тромб на мозокот, но за среќа, кај неа тромбот успеал сам да помине низ телото или да се разбие и вообичаено симптомите од ваквите појави траат помалку од пет минути.

– Кога повторно отидов во болница направивме длабински тестирања, на кои утврдија дека имам процеп помеѓу левата и десната комора на срцето (PFO – patent foramen ovale). Овој процеп треба да се затвори сам по себе по раѓањето, но кај мене не се случило тоа. Открија дека имам највисок степен на отвор. Вообичаено срцето го филтрира тромбот и го носи до белите дробови и тие го апсорбираат затоа што се големи и можат да го поднесат. Но, кај мене тромбот излегол од процепот на срцето и пропатувал до мојот мозок, поради што имав мини мозочен удар – вели таа.

Познатиот модел изјави дека е „само благодарна што го нашле“.

-Навистина ми олесна што ја пребродив оваа навистина страшна ситуација и продолжив да го живеам мојот живот – рече таа.

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.