Холивудската ѕвезда Скарлет Јохансон роди син и му даде необично име
Веќе некое време се шпекулираше дека Скарлет Јохансон е бремена, и само што ги потврдија гласините, таа и нејзиниот сопруг Колин Џост повторно ги изненадија обожавателите.
Имено, популарната актерка роди момче по име Козмо, со што стана мајка по вторпат.
Нејзиниот сопруг Колин Џост од ТВ-шоуто „Saturday Night Live“ веста ја сподели на Инстаграм.
-Ок, ок, добивме бебе. Името му е Козмо. Многу го сакаме – напиша комичарот и замоли за приватност.
За Колин ова е прво дете, а Скарлет веќе ja има седумгодишната ќерка Роуз од бракот со новинарот Роман Дауриак. Скарлет и Колин тајно се венчаа во октомври 2020, по три години врска.