Шоубиз
Холивудски заводник снимен на улица во запуштено издание, тешко дека би го препознале
Кијану Ривс беше фотографиран како седи на улицата пред „Сент Рок“ на плажата Хермоза пред концертот на неговиот бенд „Догстар“, а малкумина можеа да го препознаат холивудскиот заводник во запуштеното издание.
58-годишниот актер е снимен како седи на улица потпрен на ѕид, а поради неговата долга коса и брада и неуредниот изглед некој може да помисли дека е скитник.
Сепак, Ривс со еден потег го оправда својот статус на најљубезен актер во Холивуд кога се согласи да направи селфи со обожавател.
Иако на сметката има стотици милиони долари, Кијану е исклучок во светот на познатите бидејќи воопшто не се однесува како ѕвезда. Освен што носи обична облека, за разлика од колегите, актерот не живее во вила и нема телохранители.
Познато е дека сака да се вози во метро и да им помага на бездомниците, со кои често пие пиво. Познат е како скромен тип, а обожавателите ги воодушевува со своите внимателни гестови, како оној никогаш да не ги допира обожавателките со кои се фотографира.