Шоубиз
Игор Џамбазов прозборе за љубовта со Илина: „Среќен сум што најдов таква жена!“
Водителот, шоумен, музичар и писател Игор Џамбазов во интервју за „Бекстејџ“ зборуваше за љубовта со планинарката Илина Арсова, па откри како се запознале и како почнала нивната емотивна приказна.
Се запознавме пред пет години, преку наши заеднички пријатели во Охрид. Го побарав од нив нејзиниот број и и се јавив. И се претставив и икажав, сите сакаат да се запознаат со мене, а еве јас сакам да те запознаам тебе. После тоа се видовме, неколку дена се дружевме и јас променив локација. После неколку месеци ми се случи првиот здравстен крах, бев во болница и добив неколку поддржувачки пораки од неа. Се немавме видено долго време се додека не почна карантинот. Се сретнавме во Дојран, а се после тоа е историја, раскажа Џамбазов.
Призна и дека врската со Илина е сериозна, па не ја исклучи можноста наскоро да започнат заеднички живот.
Не сакаме да носиме избрзани одлуки, ќе оставиме на времето, спонтано нека се случи се. Сепак, сигурен сум дека ова ќе потрае, призна Игор.
Што се’ откри во интервјуто за „Бекстејџ“ погледнете во видеото во продолжение: