Шоубиз
Инстаграм го суспендираше профилот на Канје Вест
Канје Вест е суспендиран од Инстаграм на 24 часа поради кршење на политиката на платформата за говор на омраза, злоупотреба и вознемирување, изјави портпаролот на Мета.
Инстаграм ја отстрани содржината од профилот на раперот поради кршење на тие правила и забрани објавување, коментирање и испраќање директни пораки, меѓу другото, во текот на 24 часа.
Инстаграм често поставува ограничувања на сметките што ги прекршуваат неговите правила, а компанијата може да преземе дополнителни чекори доколку се случат дополнителни прекршувања, вели портпаролот на Мета, сопственик на Инстаграм.
Според TMZ, најмалку една објава е избришана од профилот на Вест. Во таа објава, тој наводно користел расни навреди за да го опише водителот на Дејли шоу, Тревор Ноа, кој неодамна го критикуваше Вест дека јавно ја вознемирувал неговата поранешна Ким Кардашијан за време на нивниот развод.
Вест, кој законски го промени своето име во Јe, во последниот период постојано поставува објави насочени кон Кардашијан и нејзиното момче, комичарот Пит Дејвидсон, а на милионите следбеници им открива и детали од нивните приватни животи.