Интервјуто со Хари и Меган и донесе нова номинација за „Еми“ на Опра
Фамозното интервју со наслов „Oprah With Meghan and Harry: A CBS Primetime Special“ во кое славната водителка беше домаќин на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл беше прикажано на 7 март.
Ова интервју крена огромна прашина, а сега е меѓу петте номинирани за Еми наградата во категоријата специјални документарни серии.
Долгоочекуваното интервју го следеле најмалку 17 милиони гледачи и стана жешка тема на дискусија со денови.
За време на двочасовниот специјал, парот упати бројни обвинувања против кралското семејство, ја „откри вистината“ за нивното повлекување и предизвика контроверзии затоа што британското кралско семејство го обвинија за расизам, а Меган раскажа и за проблемите кои ги имала со менталното здравје додека била бремена со нивното прво дете, синот Арчи.