Шоубиз
Изненадување на номинациите за БАФТА: „Барби“ не е номиниран за најдобар филм
Објавени се номинациите за овогодинешните БАФТА награди.
Британската академија за филмски и телевизиски уметности (The British Academy of Film and Television Arts – BAFTA) ги објави номинациите за годинашните филмски награди. Биографскиот филм „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан доминира со 13 номинации, додека научно-фантастичната црна комедија „Poor Things“ доби 11.
„Опенхајмер“ меѓу другото се натпреварува во категориите за најдобар филм, режисер, адаптирано сценарио, најдобар актер, најдобра споредна женска улога и најдобра споредна машка улога. „Poor Things“ беше номиниран за најдобар филм, извонреден британски филм, најдобро адаптирано сценарио и најдобра актерка.
Драмата на Мартин Скорсезе, „Killers of the Flower Moon“, доби девет номинации за БАФТА, меѓу кои и за најдобар филм и за најдобра споредна машка улога. Историската драма „The Zone of Interest“ на Џонатан Глејзер има исто толку номинации. „Anatomy of a Fall“, „The Holdovers“ и „Maestro“ заработија седум номинации. Изненадувачки, „Барби“ остана без номинација за најдобар филм.
„38-те филмови номинирани од гласачите на БАФТА денес опфаќаат извонреден опсег на жанрови и приказни“, рече извршната директорка на БАФТА Џејн Миличип.
„Конкуренцијата е неверојатно силна оваа година. Беа поднесени повеќе филмови, што го отежнува процесот на селекција за нашите членови кои гласаат. и кои публиката допрва треба да ги открие“. Погледнете ја листата на номинации подолу:
Најдобар филм:
Anatomy of a Fall („Анатомија на падот“)
The Holdovers („Остатоците“)
Killers of the Flower Moon („Убијци на цветната Месечина“)
Oppenheimer („Опенхајмер“)
Poor Things („Кутри нешта“)
Најдобра главна актерка:
Фантазија Барино, The Color Purple
Сандра Хулер, Anatomy of a Fall
Кели Мулиган, Maestro
Вивијан Опара, Rye Lane
Марго Роби, Barbie
Ема Стоун, Poor Things
Најдобар главен актер:
Бредли Купер, Maestro
Колмин Доминго, Rustin
Пол Џамати, The Holdovers
Бери Киган, Saltburn
Килијан Марфи, Oppenheimer
Teo Yoo, Past Lives
Најдобар режисер:
Ендру Хеј, All of Us Strangers
Џастин Триет, Anatomy of a Fall
Александар Пејн, The Holdovers
Бредли Купер, Maestro
Кристофер Нолан, Oppenheimer
Џонатан Глејзер, The Zone of Interest
Номинациите во останатите категории можете да ги прочитате тука.