Шоубиз
Јапонецот Казухиро Котецу ќе ја испее македонската химна пред мечот Македонија – Австрија на ЕП
За себеси вели дека е вљубеник во Македонија – јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу најави на Твитер дека ќе ја испее македонската државна химна во Јапонија пред натпреварот Македонија – Австрија на Европското првенство во фудбал в недела.
Инаку, Котецу доаѓа од Токиската опера, и интересно е што досега испеал десетина македонски песни и ги споделил на Јутјуб, и на овој начин сака да ѝ даде поддршка на земјата што ја засакал при нејзината посета и настапите на сцената на Македонската опера и балет.