Шоубиз
Јавноста го критикува познатиот актер: 10-годишниот син на Бен Афлек направил сообраќајка
Актерот Бен Афлек (49), неговата свршеница Џенифер Лопез (53) и неговиот син Семјуел (10) кој го има од бракот со поранешната сопруга Џенифер Гарнер (50) се забележани од папараците во Лос Анџелес. Тие се најдоа во центарот на вниманието поради инцидент што го направи неговиот син.
Славниот холивудски пар бил во посета на салон за изнајмување луксузни автомобили. Додека седеле во жолт луксузен автомобил Lamborghini, славниот актер му дозволил на својот наследник малку да се забавува.
Разиграниот Семјуел седнал на возачкото седиште и се обидел да го вози автомобилот, а набргу потоа сеприсутните фоторепортери ја снимиле целата ситуација како удира во автомобил паркиран зад него.
Наводно моторот на автомобилот бил вклучен и Семјуел почнал да го враќа наназад, па во тој миг удрил во BMW автомобил кој бил паркиран веднаш зад него.
Во тој момент од автомобилот излегле Лопез, Афлек и десетгодишното момче. Полицијата набрзо се појавила на местото за да направи записник. Исплашеното момче цврсто го прегрнало својот татко давајќи му до знаење дека му е жал што го направил тоа.
Портпаролите на познатиот актер открија дека во овој немил настан нема поголема материјална штета или жртви. Но, многумина сепак го осудуваат Бен бидејќи му дозволил на 10-годишниот син да седне зад воланот.
Афлек и Лопез ја раскинаа свршувачката во септември 2003 година пред конечно да раскинат во јануари 2004 година. Но, тие се помирија минатата пролет, а веќе се и повторно свршени. Познатиот холивудски пар наскоро ќе се всели во нова заедничка куќа, а наводно таму сакаат да живеат заедно со нивните деца од претходните бракови.