Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се разведуваат: „Душко не се гледа себеси како дел од нашето семејство, преживеав се, па ќе го преживеам и ова“

Шоубиз

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се разведуваат: „Душко не се гледа себеси како дел од нашето семејство, преживеав се, па ќе го преживеам и ова“

Пејачката Јелена Карлеуша преку Инстаграм и се обрати на јавноста и откри дека се разведува од Душко Тошиќ, по 14 години брак! Таа истакна дека Душко повеќе не сака да биде дел од нивното семејство и дека меѓусебно се договориле за развод.

– Јас и Душко се договоривме заемно да го прекинеме нашиот брак по 14 години. За жал, Душко повеќе не се гледа себеси како дел од нашето семејство. Техничките прашања ќе се решаваат со договор во наредниот период – напиша Јелена.

Исто така, таа нагласи дека повеќе нема да коментира ништо поврзано со разводот.

– Преживеав се, па ќе го преживеам и ова. Животот продолжува. За да се спречат неточни натписи, целиот брачен имот e пренесен на нашите деца, старателството над нашите деца ми припаѓа мене. Повеќе нема да се огласувам на овој начин – заклучила пејачката.

За потсетување, Јелена и Душко се венчаа на 28 јуни 2008 година. Фолк дивата тогаш беше бремена во седмиот месец. Во нивниот брак, кој траеше речиси деценија и пол, тие добија две ќерки – Атина и Ника.

Нивниот однос во последните години беше многу турбулентен, а она што ја шокираше јавноста е инцидентот кој се случи на Божиќ оваа година година. ЈК го обвини нејзиниот сопруг за семејно насилство. Карлеуша го пријавила фудбалерот во полиција бидејќи тој наводно ја плукнал и и удрил шамар во семејниот дом.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.