Шоубиз
Кајли Џенер е мета на критики поради приватниот авион: Го користела за летови кои траеле само неколку минути
Кајли Џенер се соочува со голема осуда од корисниците на социјалните мрежи затоа што се фалела со приватните авиони кои ги поседуваат она и нејзиниот дечко, раперот Тревис Скот, а нејзиниот го користела за многу кратки летови.
Кајли Џенер (24) неодамна со приватен авион отпатува од Камарило, Калифорнија до Ван Најс и со овој потег збесна многу обожаватели кои ја критикуваа на Твитер. Летот на една од најпознатите инфлуенсерки траел само 12 минути, со оглед на тоа што растојанието меѓу градовите е приближно 60 километри (помалку од еден час возење со автомобил).
Celebrity Jets е профил кој ги следи летовите со приватни авиони на познати личности. Тие на својот официјален Твитер профил објавија информации за Џенер и им открија на следбениците дека нејзиниот лет траел приближно 12 минути. Поради тоа, нејзината употреба на приватни авиони стана жешка тема на социјалните мрежи.
Kylie Jenner's Jet Landed in Camarillo, California, US. Apx. flt. time 12 Mins. pic.twitter.com/6AVGqt9Ffb
— Celebrity Jets (@CelebJets) July 15, 2022
Никој навистина немаше пофални зборови за Кајли. Бројни корисници ја критикуваа главно поради штетите што ги нанесе на околината. Покрај тоа, тие коментираат дека има милиони луѓе кои никогаш не патувале со авион, а таа го користи за летови од само неколку минути.
Сето ова би било во ред, доколку светот не се бори со последиците од климатските промени. Изгледа дека сѐ повеќе луѓе сериозно го сфаќаат овој проблем, особено сега кога летните температури низ светот почнаа да достигнуваат луди висини. Летовите согоруваат многу гориво додека се во воздухот и испуштаат јаглерод диоксид, кој припомага при глобалното затоплување, пишуваат американските медиуми.
Кајли Џенер исто така наиде на бурни реакции на интернет откако објави црно-бела фотографија од неа и момчето Тревис Скот.
На сликата се гледаат Кајли и Тревис како се гушкаат еден со друг на пистата, со двата нивни приватни авиони на повидок, а меѓу нив и луксузен автомобил Ролс Ројс. Нивното најстаро дете, ќерката Сторми Вебстер, исто така, се гледа како ги гушка двајцата родители.
-Сакаш да идеме со мојот или твојот? – напиша Кајли под објавата, сугерирајќи дека и двајцата имаат свој авион.
Кајли Џенер, таканаречената „само-создадена милијардерка“ најпозната по линијата за козметика и реалното телевизиско шоу на нејзиното семејство, моментално се обидува уште еднаш да ја поправи својата репутација и да се обиде да докаже како живее нормален живот.
24-годишната ријалити ѕвезда објави видео како го посетува познатиот маркет Таргет со својата ќерка и ќерките на Ким и Клои Кардашијан, што изгледаше како намерен потег да се обиде да го пренасочи вниманието подалеку од реакциите што ги добива поради летувањето од само десетина минути со нејзиниот приватен авион.
@kyliejenner surprise target trip with my girls