Кајли Џенер e првата жена со 300 милиони следбеници на Инстаграм
Кајли Џенер постигна голема пресвртница на социјалните мрежи бидејќи стана првата жена во историјата на Инстаграм која достигна 300 милиони следбеници.
Профилот на ријалити ѕвездата е трет најследен профил на популарната апликација за споделување фотографии.
Додека 24-годишната сопственичка на козметичка империја е првата жена што го направила тоа, фудбалерот Кристијано Роналдо е најследената личност со 388 милиони.
Ѕвездата на „Keeping Up With The Kardashians“ претходно ја симна од тронот Аријана Гранде како најследена жена на платформата, а нејзиниот број на следбеници моментално изнесува 289 милиони.
Кајли успеа да го сруши рекордот на Инстаграм и покрај тоа што од ноември ретко објавуваше на социјалната мрежа, по трагедијата на концертот на нејзиното момче Тревис Скот, во која загинаа 10 луѓе, а стотици беа повредени .