Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Кајли Џенер го доби второто дете со раперот Тревис Скот

Шоубиз

Кајли Џенер го доби второто дете со раперот Тревис Скот

Кајли Џенер го доби второто дете со раперот Тревис Скот

Кајли Џенер (24) и момчето Тревис Скот (30) го добија своето второ дете. Според објавата на социјалните мрежи, станува збор за момче кое е родено на 2 февруари 2022 година, само еден ден по роденденот на неговата постара сестра Сторми (4). Сеупште не е објавено името на момчето кое повторно го зголеми бројот во кланот Кардашијан-Џенер.

Кајли во неделата на својот Инстаграм профил објави фотографија на која нејзината ќерка Сторми го држи за рака новородениот брат, а во описот на фотографијата стои 2/2/22 и сино срце. Потоа на Инстаграм стори сподели фотографија на која може да се видат цветните аранжмани кои ги добила од семејството и пријателите по повод раѓањето на нејзиниот син.

Инаку, во август 2021 година излезе веста дека Џенер е бремена со своето второ дете, а Кајли и Тревис Скот веќе ја имаат четиригодишната ќерка Сторми. Младата инфлуенсерка ја чуваше бременоста со ќерката Сторми подалеку од очите на јавноста.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.