Кајли Џенер и Тревис Скот се повторно заедно
Познатиот пар се појави заедно на настан во Њујорк.
Раперот Тревис Скот потврди дека е повторно во врска со Кајли Џенер, откако ја нарече своја „жена“ на еден настан во Њујорк.
Тие позирале на црвениот тепих еден до друг заедно со нивната тригодишна ќерка Сторми.
-Сторми те сакам и „жено“ те сакам и тебе – изјавил 29-годишниот рапер, кој бил награден за своите придонеси во модата, дизајнот, претприемништвото, уметноста и социјалната правда.
Кајли на својот инстаграм профил објави фотографија со него, на која позираат во прегратка.
Присутните на настанот изјавиле дека Кајли и Тревис биле многу слатки заедно, се држеле за раце и се изгледало како да се повторно заедно. Обновувањето на врската доаѓа 20 месеци откако познатиот пар ги шокираше фановите со својата разделба.