Шоубиз
Кајли Џенер откри дека го променила името на својот син
Познатиот пар Кајли Џенер и Тревис Скот се уште „играат“ со името на нивниот новороден син кого го добија на почетокот на февруари оваа година.
Кајли на својот Инстаграм профил ги извести своите 320 милиони следбеници дека го променила името на својот син.
-Само да ви кажам, името на нашиот син повеќе не е Волф. Навистина не ни одговараше за него. Само сакам да споделам бидејќи насекаде го гледам името Волф – напиша ријалити ѕвездата на Инстаграм стори.
Таа напиша дека насекаде го гледалапо името Волф (во превод „волк“), па решила да им каже на своите обожаватели дека повеќе не се вика така, но не го објави новото име на нејзиниот син.
Кајли претходно објави видео под наслов „За нашиот син“ во кое ги документира клучните моменти од бременоста и пораките од најблиските. Таа објави ист тип на видео веднаш по раѓањето на ќерката Сторми.
На видеото Кајли покажува приватни видеа направени од моментот кога добила позитивен тест до породувањето. Во делото кое трае нешто помалку од десет минути се појавуваат бремената Кајли, нејзината ќерка Сторми, партнерот Тревис Скот, но и целото семејство Кардашијан-Џенер. Во видеото, Кајли ја покажува детската соба, луксузните подароци за бебето, лекарски прегледи и моменти од собата за породување.
Иако на видеото нејзината бременост изгледа лесна и весело, таа неодамна објави видео во кое зборува за тешкотиите во бременоста и дека поминува низ постпородилна депресија.