Шоубиз
Кајли Џенер со емотивно видео на Инстаграм ги потврди гласините дека е бремена
Долго време се шпекулираше за нејзината бременост и сега Кајли Џенер со видео на Инстаграм ги потврди гласините дека заедно со раперот Тревис Скот го очекуваат второто дете.
24 -годишната ријалити ѕвезда и козметички могул Кајли Џенер и 30-годишниот рапер Тревис Скот повторно ќе станат родители.
-Дали си бремена? – ја прашува во видеото мајката на Кајли, Крис Џенер, гледајќи ги снимките од ултразвукот и додавајќи дека ова е еден од најсреќните денови во нејзиниот живот.
На видеото прво се прикажува позитивен тест за бременост, а потоа се прикажани Кајли и нејзиното момче како одат на преглед. Следат инсерти од прославата на нејзиниот 24. роденден и снимки од Сторми како го бакнува стомакот на својата мајка.
За нејзината бременост почна да се шпекулира веднаш штом објави стари фотографии за својот роденден, кои очигледно настанале во јуни, а не во август.
Ова ќе биде второ дете на Џенер со 30-годишниот рапер. Парот ја започна врската во 2017 година, а веќе следната година ја доби ќеркичката Сторми. Според непотврдени гласини, тие се разделија во 2019 година, но ја обновија врската годинава.