Канје не се откажува од Ким, на сред концерт ја молеше да му се врати
Канје Вест не ја губи надежта дека ќе го спаси својот брак.
Хип-хоп ѕвездата упати јавен апел до неговата поранешна сопруга, Ким Кардашијан, „да му се врати веднаш“ додека тој настапуваше заедно со Дрејк на добротворниот концерт „Free Larry Hoover“ во четвртокот навечер.
Настанот, кој се одржа во Меморијалниот Колосеум во Лос Анџелес и беше пренесуван во живо на Prime Video на Amazon, имаше за цел да ја подигне свеста за реформите во затворот и казните и, поконкретно, за случајот со Лери Хувер. Вест (44) и Дрејк (35) се залагаат за ослободување на Хувер, поранешен водач на банда, кој беше осуден за убиство во 1970-тите и моментално отслужува доживотна затворска казна.
За време на изведбата на неговата песна „Runaway“, Вест реши да отстапи од главната порака на концертот и да започне обид да ја врати својата сопруга.
-Ми треба да трчаш веднаш до мене – рапуваше Вест, додавајќи нов стих „Поконкретно, Кимберли“.