Канје раскина со Џулија Фокс, па и испрати автомобил полн со рози на Ким за Денот на вљубените
Откако портпаролот на актерката Џулиja Фокс (32) на Денот на вљубените на 14 февруари потврди дека таа и Канје Вест (44) ја раскинале љубовната врска, познатиот рапер и испрати автомобил полн со рози на својата поранешна сопруга Ким Кардашијан (41).
„Мојата верзија е кристално чиста“, пишувало на автомобил со црвени рози кои ѕиркаат.
Имено, Канје намерно направил граматичка грешка во натписот на автомобилот. „Clear“ напиша „Klear“ за да им стави до знаење на сите дека неговиот романтичен гест е упатен до поранешната сопруга Ким. Покрај тоа, тој на Инстаграм објави фотографија од паркираниот автомобил и ja означи Ким. Фотографијата ја избриша набрзо откако беше објавена.
Да потсетиме, познатиот рапер по Кардашијан најде утеха во прегратката на Џулија Фокс. Од самиот почеток јавноста ги нарече контроверзна двојка, а нивната врска траеше околу еден месец.
Во неделата вечер, на 13 февруари, Вест во друштво на своите деца присуствуваше на еден од најпопуларните настани во САД, познатиот Супер Боул. Иако беше исвиркан од публиката на стадионот, Канје не се откажа и уживаше во настапот на своите колеги за време на популарното полувреме наречено ‘Half time show’.
Иако Ким не сака ни да слушне за помирување со раперот, тој не се откажува со месеци. Тој на својот Инстаграм профил објави и фотографија од поранешната сопруга и децата и напиша „Боже, обедини го нашето семејство“. Многумина го гледаа потфатот како негова молба за прошка.
Поранешните сопружници веќе подолг период се расправаат на социјалните мрежи.
https://www.instagram.com/p/CZwlf61uamF/