Канје Вест е под истрага за физички напад врз обожавател
Раперот Канје Вест (44) е под истрага за физички напад врз обожавател кој му побарал автограм.
Раперот седел во својот автомобил, а по молбата на упорниот обожавател излегол од автомобилот и го нападнал. Го удрил и „исчезнал“ пред да пристигне полицијата.
Инцидентот се случил во три часот по полноќ во Лос Анџелес, пред ексклузивниот клуб „Сохо“.
ТМЗ дошло до снимка на која може да се види како човек лежи на улица, додека Канје беснее на луѓето што работаат за него. На почетокот на снимката Канје вреска „бегај од мене“, на жена која очајнички се обидува да го смири. Според зборовите на сведокот, ова се случило неколку секунди откако Канје наводно двапати го удрил момчето, еднаш во главата, еднаш во врат, а поради падот, се здобило и со повреди на главата.
Момчето кое барало автограм добило медицинска помош на лице место, но на крајот заминал на преглед во итна нега.
Случајот се истражува како прекршок за што е предвидена максимална казна од шест месеци.
Раперот претходниот ден бил на вечера со својата нова девојка, актерката Џулија Фокс (31) и уште неколку познати личности, меѓу кои Еван Рос, Мадона и Ентони Браун.