Канје Вест има нова адреса на живеење: Раперот живее во соблекувална на стадион во Атланта
Контроверзниот рапер Канје Вест се пресели на нова адреса, тој веќе некое време живее на стадионот „Мерцедес-Бенз“ во Атланта, бидејќи се обидува да го заврши својот долгоочекуван музички албум наречен „Донда“.
Имено, раперот минатата недела организираше забава по повод слушањето на албумот , кој планираше да го објави во петок. Сепак, објавувањето на албумот беше одложено и Канје останал на стадионот за да го заврши своето уметничко дело.
Всушност тој спие во една од соблекувалните на стадионот, а доказ за тоа е фотографијата што самиот ја објави на својот Инстаграм.