Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Канје Вест со фотосесија потврди дека е во врска со актерката Џулија Фокс (ФОТО)

Шоубиз

Канје Вест со фотосесија потврди дека е во врска со актерката Џулија Фокс (ФОТО)

Канје Вест со фотосесија потврди дека е во врска со актерката Џулија Фокс (ФОТО)

„Тоа беше остварување на сонот на секоја девојка“, напиша Џулија Фокс во интервјуто за нејзината турбулентна романса со Канје Вест. Таа го опишала и нивниот втор состанок, кој вклучувал хотелски апартман полн со облека

Раперот Канје Вест (44), сега наречен „Је“ и актерката Џулија Фокс (31) во четвртокот ја споделија својата романса со светот со фотографии објавени во магазинот „Interview“. Покрај неколкуте фотографии на кои двојката се прегрнува и бакнува на подот во соблекувалната, Фокс откри и сочни детали од нивната врска.

-Го запознав Је во Мајами на новогодишната ноќ и тоа беше моментална поврзаност. Неговата енергија е толку забавна да се биде во негово присуство. Јас и моите пријатели цела ноќ се смеевме, танцувавме и се забавувавме. Решивме да ја задржиме енергијата и да одлетаме назад во Њујорк за да ја гледаме „Slave Play“- напиша Фокс пред да го документира нивниот раскошен втор состанок.

-После претставата избравме да вечераме во „Carbone“, кој е еден од моите омилени ресторани. Во ресторанот, Је ми спроведе цела фотосесија додека луѓето вечераа! На целиот ресторан му се допадна, и не’ бодреше додека се случуваше – раскажува Фокс.

 

-По вечерата имаше изненадување за мене. Мислам, сè уште сум во шок. Имаше цел хотелски апартман полн со облека. Тоа беше остварување на сонот на секоја девојка. Се чувствуваше како вистински момент на Пепелашка. Не знам како го направи тоа, или како го доби сето тоа таму на време. Но, јас бев толку изненадена. Како, кој прави вакви работи на втор состанок? Или на било кој! Сè кај нас беше толку спонтано. Не знам каде се движат работите, но ако ова е некаков показател за иднината, подготвена сум за возењето –  рече таа.

Вест претходно изјави дека модата е „јазик на љубовта“ за него и за неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан (41), која поднесе барање за развод во јануари 2020 година. Извор претходно изјави за PEOPLE дека Вест сè уште се надева дека има шанса поранешната двојка да се смири.

Интервјуто и фотосесијата предизвикаа голема бура во јавноста, а на социјалнните мрежи се подсмеваат со нив. На Твитер огромен број корисници пишуваат дека ова е само очаен потег на Канје за да го добие вниманието на Ким.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.