Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Канје во својот нов албум наводно признава дека ја изневерувал Ким

Шоубиз

Канје во својот нов албум наводно признава дека ја изневерувал Ким

Канје во својот нов албум наводно признава дека ја изневерувал Ким

Светската јавност не престанува да зборува за разводот на Ким Кардашијан и Канје Вест, а сега се појавија и нови информации во врска со овој познат поранешен брачен пар.

Раперот Канје Вест наводно признал дека ја изневерил својата поранешна сопруга Ким Кардашијан за време на турнејата „Сент Пабло“ во 2016 година.

Раперот предизвика шпекулации кај јавноста, откако зборуваше за неверство во новата песна „Hurricane “ од неговиот нов албум „Donda“.

-Еве ме глумам дека сум многу богат, еве ме со нова девојка, а знам која е вистината, уште не се смирувам и после две деца (Here I go actin’ too rich, here I go with a new chick, and I know what the truth is, still playin’ after two kids) – овие стихови сите ги протолкуваа како признавање на неверството.

Во песната, освен ова тој признава дека никогаш не си одел дома во нивната палата од 60 милиони долари и дека имал проблеми со алкохолот.

Повеќе извори за медиумите потврдиле дека она што Канје го тврди во песната е вистина – по раѓањето на нивното второ дете Сеинт, тој ја изневерил Ким. Таа, судејќи по сè му простила, бидејќи потоа добија уште две деца и останаа заедно неколку години, пред на почетокот на оваа година да соопштат дека се разведуваат.

 

 

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.