Карди Би доби роденденски подарок вреден неколку милиони долари
Познатата раперка Карди Би пред неколку денови го прослави својот 29. роденден. Со своите следбеници на Инстаграм таа го сподели луксузниот подарок кој го добила од својот маж, раперот Офсет.
Всушност се работи за луксузна вила со прекрасен поглед на океан која се наоѓа во Доминиканска Република, од каде потекнува нејзиниот татко. Вилата се проценува на неколку милиони долари и располага со 6 спални соби и 6 тоалети, како и два базени од кој едниот се наоѓа на кровот.
Офсет добил инспирација за подарокот откако ги слушнал идеите на Карди да инвестира во недвижнини на Карибите.
-Едноставно не можам да поверувам. Ова е неверојатно. Најпрво, среќна сум бидејќи навистина ме слушаш, а не само да се насмевнуваш и да потврдуваш само за да престанам со зборување. Второ, не мислиш дека моите инвестирања се лоши. И трето обожавам што го праша мојот татко да работите заедно на ова. Ти и мојот татко ( и нашиот син) сте најважните мажи во мојот живот и ме радува тоа што сте толку блиски – напиша Карди во објавата.
Познатиот музички пар пред еден месец го доби својот син, а исто така ја имаат и ќерката Kulture.