Карди Би му приреди спектакуларна роденденска забава на својот сопруг и му подари чек со неверојатен износ
Раперката Карди Би (29) е многу галантна кога е во прашање нејзиниот сопруг, раперот Офсет (30), па за неговиот роденден му приреди забава за паметење, но и оригинален подарок.
Во емотивната објава која ја сподели на социјалните мрежи, Карди откри колку и значи нејзиниот сопруг на кого му приреди раскошна забава во Лос Анџелес на која присуствуваа многу познати личности.
– Среќен роденден на најдобриот сопруг, пријател и татко. Толку многу поминавме заедно. Те сакам за тоа каков маж стануваш и каков татко си. Ти благодарам што секогаш си со мене, во добро или зло. Нека животот продолжи да те благословува и само да продолжи така – напиша раперката во својата емотивна објава.
Карди на прославата ја искористила приликата на својот сопруг да му подари нереален подарок, чек од 2 милиони долари.