Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Карлеуша се појави во суд без шминка: Донела одлука дали ќе го гони сопругот Душко

Шоубиз

Карлеуша се појави во суд без шминка: Донела одлука дали ќе го гони сопругот Душко

Јелена Карлеуша (43) вчера имаше рочиште во Првото основно обвинителство во Белград поради нејзината пријава за сопругот Душко Тошиќ (37), кого на 7 јануари го пријавила за семејно насилство.

Пејачката која носеше тиркизен комплет, на суд дојде во друштво на нејзиниот менашер и пријател Зоран Бирташевиќ. Таа не сакала да дава изјави за насобраните новинари, а пред Првото основно обвинителство изјави дека не сака да го гони сопругот Душко, како што пренесуваат српските медиуми.

За својот ден на суд Јелена се огласи на својот Инстаграм профил со своја фотографија. „Нормално однесување / тешка мигрена / ден на суд / без шминка / ден за исплашување на папараците“, напиша таа.

Да потсетиме, во Србија во јануари се случи скандал кога тамошните медиуми пишуваа дека фудбалерот физички ја нападнал пејачката за време на прославата на православниот Божиќ. Полицијата била во домот на Карлеуша, а по пријавата на Тошиќ 48 часа, а потоа уште дополнителни 30 дена му беше забрането да и пријде на сопругата.

Тошиќ се огласи на социјалните мрежи, тврдејќи дека тој е „првиот кој не поддржува насилство“ и дека „никогаш не го употребил“, додека Јелена, исто така, преку социјалните мрежи побара од медиумите да се држат настрана од нејзиното семејство.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.