Шоубиз
Кејт Мидлтон го украде вниманието на премиерата на „Top Gun: Maverick“
Во Лондон синоќа се одржа премиерата на долгоочекуваниот филм „Top Gun: Maverick“, а покрај актерската легенда Том Круз, на црвениот тепих се појавија и Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.
Кралската двојка се прошета на црвениот тепих во Лондон во четвртокот вечерта во друштво на холивудски актер. Кејт блесна во црно-бел фустан на Roland Mouret кој ги откриваше нејзините раменици, а го искомбинира со чанта на Alexander McQueen од 2.300 долари и дијамантски обетки Robinson Pelham кои се продаваат за 10.500 фунти.
Вилијам носеше кадифено палто со која комбинираше мокасини од истиот материјал и на нив извезени минијатурни борбени авиони во склад со премиерата на филмот. Неговиот избор на обувки привлече големо внимание, но и неговата реакција на еден момент кое го привлече вниманието на сите присутни.
Имено, додека Кејт била расположена разговарајќи со Том, принцот бил во позадина. Круз потоа ги покажа џентлменските манири и ѝ подаде рака на војвотката од Кембриџ за да се искачи неколку скалила, додека принцот чекореше покрај неа.
Покрај нив на црвениот тепих беа и ѕвездите од „Top Gun“ Џенифер Конели, Џон Хам и Мајлс Телер кои беа во сенка на кралската двојка и холивудскиот актер. Инаку, Круз пред премиерата изјави дека му се восхитува на принцот и дека делат исти страсти.