Шоубиз
Кендал Џенер го „украде“ шоуто на ревијата во Париз со „фустан од соништата“
Кендал Џенер беше една од манекенките на ревијата на брендот „Скиапарели“ на Неделата на висока мода во Париз, а нејзиниот фустан го привлече целото внимание на настанот.
Таа се појави во невообичаен фустан кој комбинираше корсет во боја на кожа со нагласени колкови и извезени детали на долниот дел што се влечеше зад неа. Џенер го опиша фустанот како „фустан од соништата“.