Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Кевин Спејси ослободен од сите обвиненија за сексуално вознемирување

Шоубиз

Кевин Спејси ослободен од сите обвиненија за сексуално вознемирување

Кевин Спејси беше прогласен за невин од британската порота по 9 обвиненија за сексуален напад, непристоен напад и најсериозното обвинение – поттикнување на лице да се вклучи во пенетративна сексуална активност.

Како што пренесуваат странските медиуми, познатиот актер почнал да плаче кога ја слушнал одлуката на судот.

На поротата и беа потребни 48 часа за да донесе одлука.

Ѕвездата од „House of Cards“ ги помина изминатите четири и пол недели во Судот на Краун Саутварк во Лондон, каде се бранеше од обвиненијата. За време на судењето, поротата сослуша четворица мажи кои поднесоа тужби против актерот (ниту еден од мажите не може да биде именуван од правни причини).

Спејси првично беше обвинет по дванаесет точки, плус додаток на едно од точките, но тие беа намалени на осум минатата недела поради „правни технички работи“. Ослободителните пресуди се уште една победа за Спејси, кој ја доби граѓанската тужба од 40 милиони долари што ја поднесе актерот Ентони Рап минатиот октомври. Рап го обвини Спејси за сексуален напад, кој наводно се случил во 1986 година, но поротата во Њујорк го отфрли тврдењето.

Откако го напушти судот, Кевин разговараше со новинарите и рече дека има толку многу да „процесира“ откако беше ослободен. Тој рече дека е исклучително благодарен на поротата што одвои време внимателно да ги испита сите докази и факти пред да донесе одлука.

– Смирено ја поздравив денешната пресуда – рече познатиот актер, кој потоа им се заблагодари на вработените во судот, на обезбедувањето и на својот адвокатски тим, а потоа истакна дека само тоа сакал да го нагласи и не одговарал на новинарските прашања.

Судењето траеше четири недели, а пресудата беше донесена на 64-тиот роденден на актерот.

Спејси дојде на судот со посебен детал, со огромен сребрен прстен со натпис на хебрејски: „И ова ќе помине“.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.