Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Килијан Марфи е новото лице на Версаче

Шоубиз

Килијан Марфи е новото лице на Версаче

Версаче ја лансира линијата Icons за мажи и за свое заштитно лице го обезбеди моментално еден од најпопуларните мажи, Килијан Марфи.

Откако ги освои овогодинешните награди со улогата во Опенхајмер, сега тргнува да го освои светот на модата. Килијан Марфи ја доби статуетката за најдобар актер на овогодинешните Оскари, а на сите фотографии од наградата позираше во смокинг од Версаче. Неговиот стајлинг беше најава за она што следува.

Имено, Килијан стана заштитно лице на еден од најпрестижните модни брендови во светот – Версаче. Неговото достигнување го претстави Донатела Версаче која е креативен директор на модната куќа .

„Возбудена сум што Килијан му се придружува на семејството Версаче“, вели Донатела Версаче во изјавата. „Тој е навистина исклучителен актер и целосно го заслужува својот Оскар. Тој е магнетен и хипнотизирачки пред камера и ми се допадна да го гледам како го оживува Версаче“.

Ова е прво бренд партнерство за Марфи, а глобалната кампања „Versace Icons“ во која тие ќе го претстават најдоброто од луксузната машка мода започнува на 3 април годинава.

 

Ирскиот актер дебитираше во Версаче пред неколку недели на насловната страница на магазинот GQ, но јавноста ретко има можност да го гледа како модел.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.