Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ким Кардашијан: „Без разлика на помошта што ја имам, на крајот сама одгледувам четири деца“

Шоубиз

Ким Кардашијан: „Без разлика на помошта што ја имам, на крајот сама одгледувам четири деца“

Ким Кардашијан неодамна гостуваше во подкастот „What In the Winkler?“ на водителката Зои Винклер, каде дискутираше за нејзиното мајчинство и загриженоста за одгледувањето на децата што ги има во бракот со Канје Вест.

Ријалити ѕвездата и раперот се разделија во 2022 година и заедно имаат четири деца, ќерките Норт (11) и Чикаго (6) и синовите Сеинт (8) и Псалм (5).

Со оглед на тоа што нивните деца се на различна возраст, Ким откри дека е исцрпена затоа што чувствува дека целиот товар за грижата за децата е на неа и дека понекогаш се чувствува како да е сама во се, иако има одличен систем за поддршка.

„И едноставно мислам дека, без разлика каква помош имам, на крајот сама воспитувам четири деца“, рече таа и призна дека понекогаш се чувствува како самохрана мајка во чиј кревет спијат сите нејзини деца кои плачат и се будат во текот на ноќта.

Во октомври, извор за списанието „People“ изјавил дека Канје „за жал не бил многу присутен“, опишувајќи го животот на Ким како „самохрана мајка“.

Ким откри дека не зборува често за тоа бидејќи чувствува дека многу луѓе ќе и судат затоа што има доволно средства за дадилки и помош.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.