Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ким Кардашијан блесна во скапоцен фустан кој го носела Мерилин Монро

Шоубиз

Ким Кардашијан блесна во скапоцен фустан кој го носела Мерилин Монро

Најочекуваниот моден настан на годината, Мет Гала, синоќа ги собра најголемите светски ѕвезди во Музејот на уметност Метрополитен во Њујорк. Темата за оваа година беше „модна антологија“, а риjалити ѕвездата Ким Кардашијан (41), исто како што се очекуваше од неа, најде начин да крене најголема прашина со својот моден избор.

Имено, Ким шокираше многумина појавувајќи се на црвениот тепих во познатиот фустан на Мерилин Монро, кој покојната холивудска дива го носеше пред 60 години додека му ја пееше ‘Happy Birthday’ на тогашниот американски претседател Џон Кенеди.

Оваа историска креација има проценета вредност од 5 милиони долари и во неколку наврати беше нарекувана „најскапиот фустан“, а Кардашијан го искомбинира со бела бунда која ја покриваше нејзината славна позадина.

Чуван во затемнет трезор кој се контролира на собна температура и влажност од 40-50 проценти, фустанот вреден милиони ретко се откачува од постаментот, а досега само Монро го носела. Сепак, пред сопственикот на музејот да и дозволи на Ким да биде првата во историјата што ќе направи таков пресврт, тој ја покани да ја проба нејзината реплика за проверка на големината. Набргу потоа, оригиналниот фустан со приватен авион од Орландо бил донесен до домот на Кардашијан во Калабасас.

Сепак, Ким го носеше оригиналниот фустан само неколку минути додека се шеташе на црвениот тепих на Мет Галата. Таа не сакала да седи или да јаде во него, а морала особено да научи како да оди по скалите. За да ги избегне сите можни оштетувања, откако поминала низ сите папараци, таа вечерта ја продолжила во реплика од историската креација.

За да биде подоследна на изгледот на Мерилин, Ким ја обои косата во платинесто сина и им кажа на собраните новинари како се подготвувала за балот.

– Го пробав фустанот и не ми одговараше. Беше таков предизвик, како улога, и решив да се вклопам во него – рече Кардашијан, објаснувајќи како изгубила седум килограми за три недели за да се вклопи во историскиот фустан.

Придружба на Ким беше нејзиното момче Пит Дејвидсон (28), облечен во класичен црн костум и очила за сонце.

За двојката е ова второ заедничко појавување на црвениот тепих, само неколку дена претходно тие за првпат зачекорија заедно на црвениот тепих појавувајќи се на настан организиран од претседателот Бајден во Белата куќа.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.