Шоубиз
Ким Кардашијан ја ископира Брена, таа одговори: „Знае што е добро“
Најпознатата ријалити ѕвезда Ким Кардашијан се врати во периодот од 70-тите години на минатиот век за да ја најави новата колекција на костими за капење на нејзиниот моден бренд „Skims“, но посебно внимание привлече стилот кој многумина на Балканот ги потсети на Лепа Брена.
Имено, Кардашијан најави нова серија на костими за капење чиј крој е во стилот на 70-тите , а во најновото видео и серија фотографии за луѓето од нашите простори таа изгледа речиси идентично како Лепа Брена во тоа време.
За „Skims Metallic Swim“, колекцијата што треба да биде пуштена во продажба 6 јули, Ким има голема истапирана перика и смела шминка за очи, карактеристични за тој период.
Во изјава за српските медиуми една од најголемите ѕвезди на нашите простори, Лепа Брена, изјавила дека не и пречи што Кардашијан наводно ја ископирала, и истакна дека е тешко да се биде оригинален овие денови и дека и е драго што Ким се уште знае што е добро.
-Многу интересно. Денес е тешко да се биде оригинален. Што и да излезе веќе е видено. Без разлика дали се работи за мода, ликови од шоу-бизнисот…Тоа што се создаваше од 60-тите до 90-тите се епохални работи – вели таа.
-Единственото нешто што сè уште може да не изненади е технологијата, се друго е веќе видено, но мило ми е што Ким сепак знае што е добро – изјави Лепа Брена.
I wore it better?
Lepa Brena obviously ?? pic.twitter.com/C9QTfrsWyT— Тинкаಇ (@topceglopce) July 2, 2022
1989 lepa brena je to prva uradila pic.twitter.com/A1k96SYhda
— safija (@safijas_) July 3, 2022
https://twitter.com/mudbloodjurist/status/1543227537429602304?s=20&t=jqE4FFyAO844I9RcUjvSsg