Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ким Кардашијан сподели како ќерката Чикаго ја прозва на Денот на мајката: „Таа има готвач“

Шоубиз

Ким Кардашијан сподели како ќерката Чикаго ја прозва на Денот на мајката: „Таа има готвач“

Во чест на Денот на мајката, Ким Кардашијан доби симпатична картичка „Се за мајка ми“ од нејзината 5-годишна ќерка, дополнета со прашалник кој ријалити ѕвездата ја насмеа и реши да го сподели тоа со своите следбеници.

-Мојата мајка има 22 години – пишува на почетокот, иако старлетата има 42 години, но тоа не е она што најмногу и го привлече вниманието.

На прашањето што најдобро готви нејзината мајка, во одговорот пишува:

„Мама не готви. Таа има готвач“ – напиша Чикаго Вест, ќерката на Кардашијан, по што мајката кратко искоментира – „О, мој Боже“.

– Нејзиното омилено јадење е салата. Кога одмара, најмногу сака да спие во својот кревет. Сакаме да си играме со неа. Таа е многу добра во теретана. Мајка ми е посебна затоа што ме сака – пишува во остатокот од прашалникот.

Ким потоа се правдаше со објавување Инстаграм стори каде подготвува ручек.

– Чи згреши, јас готвам – напишала Ким која сето ова многу ја насмеа.

Кардашијан, исто така, сподели увид во слатките подароци што ги доби на Денот на мајката, во кои беа вклучени видео пораки од нејзините четири деца кои ги има со Канје Вест, Норт, Сеинт, Чикаго и Псалм.

„Ти си најдобра на светот“, вели Норт во својата слатка порака. „Ми го разубавуваш денот секој ден“. Во меѓувреме, Сеинт нагласи дека неговата мајка му „значи се на светот“, додавајќи: „Те сакам повеќе од се. Ти си мојaта омилена во семејството“.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.