Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ким Кардашијан за магазинот „Vogue“ проговори за разводот од Канје

Шоубиз

Ким Кардашијан за магазинот „Vogue“ проговори за разводот од Канје

Ким Кардашијан за магазинот „Vogue“ проговори за разводот од Канје

Веста за разводот на Ким Кардашијан и Канје Вест прилично ги шокираше нивните обожаватели бидејќи, навидум, нивната врска изгледаше стабилна. И додека и двајцата најдоа нови партнери, вистинската причина за раскинувањето, по толку време, јавноста сè уште не ја дознала. Сепак, Кардашијан сега даде интервју за новото издание на магазинот „Vogue“ што ќе излезе во март.

Документите за развод Ким ги потпиша во февруари 2021 година по речиси седум години брак. Двојката застана пред олтарот во 2014 година, а заедно добија четири деца – 8-годишната Норт, 4-годишната Чикаго, 6-годишниот Сеинт и 2-годишниот Псалм.

-Толку долго време го правам она што другите ги прави среќни, што мислам дека дојде време да се усреќам себеси. И тоа е навистина добро чувство. Дури и ако тоа направи разлика и го предизвика мојот развод. Мислам дека е важно да бидете искрени со себе за тоа што ве прави навистина среќни – изјави Ким за „Vogue“.

Иако Канје по разводот кажа многу лоѓи зборови за неа, Ким реши да го направи спротивното. „Можеби ќе бидете повредени или лути на бившиот, но мислам дека секогаш мора да има став пред децата: „Тато е најдобар“. Направете го родителот до вас ваш најголем обожавател, без разлика низ што вие лично поминувате“, додаде таа.

Таа призна дека во четириесеттите сакала најмногу да се посвети на себе и на своето здравје. „Да се хранам здраво. Ќе вежбам. Ќе се забавувам повеќе, ќе поминувам повеќе време со децата и луѓе кои ме прават среќна. Ќе го спуштам мобилниот. Ќе престанам да следам она што не сакам да го гледам на Инстаграм“, рече таа.

Коментарите на Ким за разводот дојдоа само неколку дена откако Канје јавно ја критикуваше својата поранешна сопруга за наводни погрешни родителски потези. Имено, тој изјавил дека Ким и дозволила на нивната најстара ќерка Норт да објавува содржина на TikTok против негова волја. Тој, исто така, ги обвини Ким и нејзиното семејство дека му забраниле да присуствува на роденденот на нивната помала ќерка Чикаго.

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.