Шоубиз
Ким Катрал заработи астрономска сума за минута појавување во продолжението на „Сексот и градот“
На воодушевување на многубројните фанови на серијата „Сексот и градот“, во последната епизода од втората сезона на спин-офот „And Just Like That…“ се појави Саманта Џонс, која ја игра познатата Ким Катрал. Катрал ги сними своите сцени за„ And Just Like That…“ без да разговара со нејзините поранешни колешки и пријатели Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристен Дејвис.
Американските медиуми пишуваат дека познатата русокоса добила неверојатни милион долари за еден ден работа на серијата. Таа се појавува на екранот 60 секунди, со изговорени 20 линии – што значи дека заработувала неверојатни 16.666 долари во секунда од сцената, доколку наведената сума е точна.
Според Катрал, ѝ се јавил директор на HBO и ја прашал што е потребно за да се врати. Едно од барањата било таа да биде стилизирана од Патриша Филд, прославена костимографка која работеше на оригиналната серија, но не и на ова продолжение.
Да потсетиме дека Ким, која долги години не е во добри односи со Сара Џесика Паркер, ја одби поканата за снимање на серијата. За филмовите таа поставила услови кои биле поинакви од оние на останатиот дел од актерската екипа, па токму тука настанаа тензиите меѓу поранешните колешки.
Катрал глумеше во хит серијата шест сезони помеѓу 1998 и 2004 година, а исто така се појави и во два играни филма, „Sex and the City“. Но, таа одби да ја игра Саманта во третиот филм, кога побарала поголем хонорар. Како што веќе беше напишано, таа била платена по 350.000 долари по епизода во култната серија, но Сара Џесика Паркер беше платена многу повеќе, што и пречеше на Катрал.