Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ким љубоморна на Мајли Сајрус: Била блиска со Пит, а по настапот отишла во неговиот дом

Шоубиз

Ким љубоморна на Мајли Сајрус: Била блиска со Пит, а по настапот отишла во неговиот дом

Момчето на Кардашијан по заедничкото гостување во емисија ја поканил пејачката да се дружи во неговиот дом, пишуваат странските медиуми. Тоа не и се допаднало на Ким која ја „отследи“ Мајли од Инстаграм

Ким Кардашијан (41) престана да ја следи пејачката Мајли Сајрус (29) на Инстаграм откако нејзиното момче Пит Дејвидсон (28) се дружеше со неа.

Ким престана да ја следи Мајли на 10 декември. Тој ден, медиумите објавија дека Мајли, по нејзиното и гостувањето на Пит во „Tonight Show“, отишла во неговиот дом, што изгледа дека и пречело на Кардашијан.

https://www.youtube.com/watch?v=Vbj_WbVb4gs

И покрај лутината на Ким, Пит и се придружи на пејачката за време на новогодишната забава во Мајами која заедно ја водеа.

За време на појавувањето во „Tonight Show“ на Џими Фалон во декември 2021 година, фановите имаа можност да слушнат како Мајли му пее посветено на Пит со променети стихови.

-Реков, требаше да бидам јас – охххх, требаше да бидам јас – пееше таа за време на нивното заедничко појавување.

https://www.youtube.com/watch?v=I84keiiaqu0

После тоа, заедно се упатиле кон домот на Пит во Стејтен Ајленд, каде што неколку пати досега беше и неговата девојка Ким.

Иако Ким и Пит ја прославија новогодишната ноќ одвоено, таа изгледа повеќе не му се лути бидејќи оваа недела беа видени како заедно со приватен авион патуваат на Бахамите.

Изгледа дека Ким не е единствената која ја забележала блискоста на своето момче и пејачката. Имено, Пит и Мајли објавија серија заеднички фотографии на Инстаграм, а фановите во коментари напишаа дека би биле прекрасен пар.

– Изгледате како убав пар – е само еден таков коментар.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.