Шоубиз
Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално се откажа од презимето на својот татко
Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит oфицијално се откажа од презимето на нејзиниот татко.
Шајло е нивната втора најстара ќерка и на 18-годишната сега ѝ беше одобрено барањето за промена на името од страна на судијата на Врховниот суд во Лос Анџелес, според налогот кој успеале да го добијат американските таблоидни медиуми.
Шајло Џоли е родена со името Шајло Нувел Џоли-Пит, но на 27 мај оваа година, кога беше нејзиниот 18-ти роденден, таа поднесе барање за легално отстранување на Пит од нејзиното име.
Како што законски се бара во Калифорнија, Џоли објавуваше неделни јавни известувања за нејзиниот напор да го промени своето име во Шајло Нувел Џоли во весник пред закажаното сослушување.
Анџелина Џоли поднесе барање за развод од Пит во септември 2016 година, но тој сè уште не е финализиран, иако тоа беше пред речиси осум години. Бред и Анџелина долги години се среде правна битка за винаријата што ја поседуваа заедно.