Шоубиз
Кој неочекувано остана без номинација за Оскар?
Како и секоја година, по објавувањето на номинациите за Оскар, секогаш се води полемика дали некој е незаслужено номиниран и дали некој неочекувано останал без номинација.
Кога станува збор за номинациите за 95-тото доделување на Оскарите по ред, многумина беа изненадени од фактот што некои познати и очекувани имиња ги немаше во листата на номинирани.
Имено, во категоријата најдобар филм без номинации останаа филмовите „Babylon“ и „Black Panther: Wakanda Forever“, а во категоријата најдобар актер не може да се најде името на Бред Пит за улогата во филмот „Babylon“, како и името на Том Круз за неговата улога во „Top Gun: Maverick“.
Холивудската миленичка Марго Роби исто така остана без номинација, додека пејачката Тејлор Свифт исто така не беше номинирана во категоријата најдобра песна за песната „Carolina“, која ја отпеа за филмот „Where the Crawdads Sing“.
Поп-ѕвездата и актерка Селена Гомез исто така не доби номинација за нејзината песна „My Mind & Me“, која го придружуваше нејзиниот документарец со исто име.
Џејмс Камерон не беше номиниран за режија на „Avatar: The Way of Water“, иако филмот доби неколку други номинации, вклучително и за најдобар филм.
Пол Дано не доби номинација за неговата изведба во „The Fabelmans“, а Даниел Дедвајлер беше изоставена од листата за филмот „Till“.
„The Woman King“ со Виола Дејвис во главната улога и „Nope“ на Џордан Пил, со Даниел Калуја и Кики Палмер во главните улоги, не добија ниту една номинација за Оскар.