Шоубиз
Колку заработува Мараја Кери од иконската божиќна песна секоја година?
Американската пејачка Мараја Кери пред 30 години ја објави песната „All I Want For Christmas Is You“. Песната стана неизбежен дел од празничната сезона, а сумата која Кери ја заработува од песната сега повторно почна да се шири низ медиумите.
Според пишувања на магазинот The Economist од 2017 година, Мараја Кери заработува околу 2,5 милиони долари секоја година поради оваа божиќна песна, додека New York Post пишува дека станува збор за три милиони.
И не само тоа, туку песната и донесе дури 60 милиони долари кога првпат ја објави. А судејќи по сегашната статистика, се чини дека и годинава пристојно ќе заработи.
„All I Want For Christmas“ повторно влезе во топ 100 листата на Билборд, каде моментално се наоѓа на 10-то место. Само на 1 декември е преслушана 8,2 милиони пати на Spotify, додека вкупниот број низ годините е речиси две милијарди.
Поради успехот на песната, Кери неофицијално беше наречена „Божиќна кралица“. Единствената песна за која може да се каже дека се натпреварува со неа е „Last Christmas“ на групата „Wham!“.