Шоубиз
Кортни и Тревис официјално се венчаа, планираат голема свадба во Италија
По „пробната“ венчавка во Лас Вегас на 4 април по доделувањето на Греми наградите и малку текила, Кортни Кардашијан и Тревис Баркер официјално кажаа „да“.
Парот сега и официјално е во брак, а пристигнаа и првите папарацо фотографии на кои се гледа нејзината кратка и едноставна венчаница. Ријалити ѕвездата и тапанарот си размениле завети во Санта Барбара пред семејството и неколку блиски пријатели, а веста прв ја пренесе TMZ.
-Тие се венчаа легално во пресрет на нивната голема, италијанска венчавка што ќе се одржи наскоро. Се е подготвено, а нивното семејство, особено децата, се многу возбудени – изјавил непознат извор за People.
За потсетување, Кортни и Тревис се свршија во октомври минатата година на плажа во Калифорнија, а претходно беа долгогодишни блиски пријатели. 46-годишниот тапанар по тој повод се потрудил и дел од плажата бил украсен со црвени рози и свеќи. Свршувачката следуваше по неполна година љубов.
Првата венчавка по доделувањето на Греми наградите ја направија околу два часот по полноќ во една од познатите капели во Лас Вегас. Кортни веќе со месеци е на удар на јавноста, која смета дека таа минува низ криза на средните години без да размислува за трите деца кои ги има од нејзината неуспешна врска со Скот Дисик.