Кортни и Тревис планират интимна венчавка
Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан (42) и тапанарот Тревис Бејкер (46) веќе решија да одат чекор понатаму во својата врска по осум месеци забавување. Кардашијан го кажа своето „да“ во интимна атмосфера на една од плажите во Калифорнија, а се чини дека нивната венчавка ќе биде во тој поинтимен стил.
Три месеци откако ја објавија свршувачката, Кортни и Тревис сега планираат свадба. Иако многумина шпекулираа дека ќе биде во стилот на многу познати парови, со многу гости, се чини дека сепак ќе се одвива во поинтимна атмосфера со само неколку блиски пријатели и семејството.
– Тоа нема да биде голем настан, само блиски пријатели и семејството – рекол извор за E !, додавајќи дека парот сака да се венча оваа година.
Меѓу тие членови на семејството сигурно ќе бидат децата на Кортни, Мејсон (12), Пенелопе (9) и Рејн (7), како и синот на Тревис, Лендон (18) и ќерката Алабама.
Ријалити ѕвездата за овој посебен момент ја ангажирала познатата организаторка на свадби Минди Вајс, која веќе некое време е многу блиска со познатото семејство.
Да потсетиме, Кортни ја потврди врската со Тревис на својот Инстаграм профил во февруари. Дотогаш двојката неколку месеци успешно ја криеше својата врска од јавноста, а пред тоа беа блиски пријатели со години. Но, откако светот дозна дека се заедно, Тревис и Кортни не криеја колку се заљубени еден во друг.