Шоубиз
Кралицата на Ноќта на вештерките, Хајди Клум и оваа година воодушеви со својата маска
Хајди Клум повторно успеа да изненади со нејзиниот костим за Ноќта на вештерките.
Поранешната манекенка, која ја нарекуваат кралица на Ноќта на вештерките, секоја година организира забава за Ноќта на вештерките во Њујорк. Таа и нејзиниот сопруг Том Каулиц се појавија облечени како вонземјанинот Е.Т. од истоимениот култен филм од 1982 година на режисерот Стивен Спилберг. Парот се маскираше како Е.Т вонземјанинот, во две верзии – „обична“ и „нашминкана“.
Хајди ги покажа нивните костими на Инстаграм. Претходно на своите следбеници им порача дека „никогаш нема да погодат“ што им подготвува оваа година.
Повеќе од 20 години, Клум педантно ги изработува своите костими за Ноќта на вештерките и ги воодушевува своите обожаватели. Така го добила прекарот „Кралица на Ноќта на вештерките“.
Зборувајќи за магазинот People, таа рече дека станува нервозна пред да ги покаже своите костими.
Мајк Марино ѝ помогна во изработката на костимот, а целиот процес траел повеќе од шест часа. Таа откри и дека овогодинашниот костим почнала да го планира во ноември минатата година, а биле потребни околу осум месеци за да се направи.
Минатата година Хајди на својата забава по повод Ноќта на вештерките се појави во костим на паун, а последните години приреди бројни изненадувања. Црв, Фиона од Шрек, старица и Џесика Ребит се само дел од костимите во кои таа се појави.