Шоубиз
Лејди Гага и Џорџ Клуни станаа членови на Комитетот за уметност и хуманитарни науки на Бајден
Пејачката Лејди Гага и глумецот Џорџ Клуни станаа членови на Комитетот за култура при претседателот на САД, Џо Бајден.
Останатите именувани членови ги вклучуваат актерката Џенифер Гарнер, музичарот Џон Батист, професор по историја на универзитетот Харвард, Филип Делориа, историчарка на уметноста и куратор на многу авторски проекти, Нора Халперн, и претседател на Асоцијацијата на дипломци од општинските колеџи на Калифорнија, Констанс Керол.
Комитетот за уметност и хуманитарни науки има за цел да го одбележи и го заштити значењето на уметноста и културата во САД.