Шоубиз
Леонардо ди Каприо се бакнува со 25-годишната манекенка Виторија Серети во ноќен клуб
Актерот Леонардо ди Каприо (48) е снимен како страсно се бакнува со 25-годишната италијанска манекенка Виторија Серети. Двајцата разменувале нежности во ноќен клуб на Ибица, каде се забавувале до 4 часот и 30 минути наутро, а снимката ја објави Дејли Мејл.
Ди Каприо и Серети претходно беа фотографирани заедно на Канскиот филмски фестивал, а потоа за време на прошетка во Лос Анџелес, што ги подгреа гласините за врска иако не се знае дали Виторија е разведена од италијанскиот диџеј Матео Милери, со кого се омажи во мај 2020 година.
Виторија се уште има заеднички фотографии со сопругот на Инстаграм, па многу луѓе се прашуваат дали нивниот брак завршил поради Ди Каприо. Актерот и претходно се забавувал со модели, а не постари од 25 години, поради што многумина се шегуваат дека романсата ќе заврши кога Серети ќе наполни 26 години.