Шоубиз
ЛИЛЈАНА ПЕТРОВИЌ: „Не можеш никогаш да го пронајдеш мирот, можеш само да научиш да живееш со тоа“ (ВИДЕО)
Јавноста, по смртта на Тоше Проески, ја заборави Лилјана Петровиќ, менаџерката на македонскиот пејач, која целосно се повлече од јавниот живот и почна да се занимава со одгледување на лаванда.
Таа во емисијата „Утро“ на српската телевизија „Прва“ се вклучила во програма во живо од своите плантажи за лаванда кои почнала да ги одгледува по смртта на Тоше Проески.
– „Не можеш никогаш да го пронајдеш мирот. Можеш само да научиш да живееш со тоа“, изјавила Лилјана.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
Инаку, нашиот ангел почина на 16 октомври 2007 година на автопатот А3, на патот од Скопје за Загреб. Автомобилот управуван од Ѓорѓи Георгиевски удрил во камион откако возачот заспал зад воланот.