Луна Џогани објави фотографии од слаткото бебе Миа
Српската пејачка Луна Џогани на својот инстаграм профил објави две фотографии по породувањето – таа ја покажа ќерката Миа, а под фотографијата напиша порака со која допре до срцата на своите фанови.
– „Дефиницијата за љубов не беше јасна и цела се до овој момент 15.06 2021 во 14:42 минути се роди нашата најголема среќа на овој свет. Слушав порано како мајките ја опишуваат љубовта кон своите деца, но ова не може да се опише“, пишува Џогани.
Таа додава дека е среќна што бебето личи на својот татко и во неа гледала мини верзија од човекот кој го сака.